Македонската машка кадетска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Селекторот Наум Танески на првиот собир смета на 21 ракометар, иако на скратениот список има 23 ракометари.
Дамјан Митев и Самоил Ристевски настапуваат со младинците на Европското првенство, па по враќањето од Словенија ќе им се приклучат на кадетите.
Во рамките на подготовките за континенталниот собир ќе бидат одиграни и пријателски натпревари.
Европското првенство ќе се игра во Црна Гора од 7 до 18 август, а ривали на Македонија се велесилите Германија, Франција и Полска.
Танески со прв рез – 23 кадети ќе ги стартуваат подготовките за ЕП