Аренхарт меѓу резервите – познат составот на Бразил за Олимписките игри

Селекторот на Бразил, Криштиано Роча, го одреди составот на женската репрезентација пред стартот на Олимписките игри.

Во изборот на Роча има 17 ракометарки, меѓу кои ќе бидат и трите резерви за Париз, а таму е светската шампионка од 2013 година, Барбара Аренхарт.

Голот на Бразил ќе го чуваат Рената Аруда и Габриела Моречи, која имаше одлична сезона во Лигата на шампионите во дресот на Битигхајм.

Бразилките ги очекуваат уште две контролни средби пред настапот на ОИ на гости кај Словенија и Германија.

Тие се најдоа во групата Б, заедно со домаќинот Франција, како и со селекциите на Унгарија, Холандија, Шпанија и Ангола.