Во рускиот Вороњеж ќе игра трет ракометар со искуство од Македонија

Рускиот клуб Вороњеж, кој претстојната сезона ќе игра во елитната конкуренција, го промовираше третото засилување.

По голманот Лазар Миниќ, кој играше за Вардар Неготино и левиот бек Александар Вујниќ, кој играше за Радовиш, рускиот клуб донесе и трет играч со искуство од Македонија.

Станува збор за 29-годишниот репрезентативец на Иран, Мошен Карамиан, кој настапуваше за Еурофарм Пелистер пред пет сезони.

Кружниот напаѓач играше за хрватскиот Бјеловар, катарскиот Ал Рајан, како и за многу клубови од татковината.