Израелскиот чувар на мрежата Дан Тепер, ќе продолжи да го носи дресот на грчкиот вицепрвак АЕК Атина и во наредната сезона. Атинскиот тим остана без вториот голман Игор Арсиќ, кој се пресели во кавадаречки Тиквеш.
Левиот бек Дан Ракотеа, поради силната конкуренција во романскиот шампион Динамо Букурешт, реши да си замине. Тој ќе го облече дресот на полскиот Горњик Забже, третопласираниот тим зад Висла Плоцк и Келце од минатиот шампионат.
По Леонида Гичевска, тимот на Лада Тољати промовираше уште едно засилување. Станува збор за анголската репрезентативка Жоана Фортуна, која настапува на десната бековска позиција и доаѓа од корејскиот Бусан.
Рапид Букурешт, каде што ќе игра Сара Ристовска, ангажираше десен бек што требаше да игра за Будуќност. За романскиот клуб потпиша Французинката Аисату Ниакате, која претходно играше за Ница, Безансон и Брест Бретањ.