Денеска продолжија пријателските натпревари меѓу селекциите што се подготвуваат за настап на Олимписките игри во Париз.
Словенија одигра само реми против Египет, 27-27, oткако на полувремето избраниците на Урош Зорман водеа со 13-12. „Фараоните“ израмнија на дваесетина секунди до крајот, а Словенците не реализираа во последниот напад.
Најдобри стрелци во словенечкиот состав беа Влах со седум гола, додека Бомбач даде пет, а голманите Лесјак, Кастелиц и Ферлин имаа 15 одбрани заедно.
Словенците пред стартот на ОИ ќе одиграат уште две средби против Унгарија и Франција.
Женските селекции на Холандија и Шведска, исто така одиграа интересен натпревар, кој заврши реми, 34-34. На првата средба „лалињата“ победија со 30-29.