Унгарците отворија карти – на ОИ со Лекаи, Фазекаш, Бодо, Банхиди…Миклер во резерви

Селекторот на машката репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го објави скратениот список на ракометари пред Олимписките игри во Париз.

Родригез се реши дека меѓу резервите ќе бидат голманот Миклер, десното крило Алварез Родригез и средниот бек Егон Ханус.

На голманската позиција ќе бидат Бартуч и Палашич, а унгарскиот селектор реши да оди во Париз само со две крила – Бока и Имре.

На линијата од шест метри ќе бидат Банхиди, Рошта и Сипос, додека во бековската линија искусните Лекаи, Сита, Лигетвари, Бодо, Анчин, потоа Илиќ и Фазекаш, кои имаа одлични сезони зад себе.

Унгарија ќе одигра три пријателски средби против Словенија, Германија и Јапонија, а на ОИ во групната фаза ќе се соочи со селекциите на Данска, Норвешка, Франција, Египет и Аргентина.

Македонската јавност со посебно внимание ќе ги следи настапите на Унгарците на ОИ, бидејќи оваа селекција ќе ни биде ривал на СП 2025 во Хрватска.