Македонскиот стратег Раде Стојановиќ го комплетираше својот стручен штаб во словенечкиот Тримо Требње за следните три сезони.
Тренерот на голмани, Радивоје Ристановиќ потпиша нов договор и се обврза на верност со Тримо до 2027 година.
Ристановиќ дојде во Тримо Требње во 2021 година, кога најпрво беше меѓу стативите, а откако ја заврши играчката кариера стана тренер на голмани.
Тој ќе работи со триото чувари на мрежата на Тримо – Урбан Лесјак, Тин Херцег и Ален Скледар.
Покрај Ристановиќ, Стојановиќ во стручниот штаб ќе го има уште и Урош Видовиќ, кој ја заврши кариерата и сега ќе му биде асистент.