Унгарскиот Веспрем би можел да го врати во своите редови десниот бек Зоран Илиќ во 2025 година.
Според пишувањата на „RTHandball“, Илиќ кој сега настапува за бундеслигашот Хамбург, по истекот на договорот ќе се врати во Унгарија.
22-годишниот десен бек потекнува од академијата НЕКА, но вистинската афирмација ја стекна во Веспрем.
Беше позајмен на кратко во полската Висла Плоцк, но се врати во Унгарија и почна да добива минутажа во унгарскиот гигант.
Сепак по доаѓањето на Сандел и Ремили, а тука беше и Омар, Илиќ се реши да замине во Бундес лигата, а таму има една од главните улоги во Хамбург.
Ремили има договор до 2026 година, додека Сандел до 2025 година, па Илиќ веројатно ќе дојде како замена за шведскиот репрезентативец.