Јанев: Направивме премногу технички грешки

Женската младинска репрезентација на Македонија на последниот натпревар на Светското младинско првенство во Скопје загуби од Кина со 25:23 и настапот го заврши на 16. позиција.

Селекторот на Македонија, Дарко Јанев, го анализираше поразот од Кина и истакна дека грешките на денешниот дуел си го направиле своето.

,,Сакавме да го завршиме Мундијалот со победа. Одигравме добро во одбраната, посебно во првото полувреме, но во второто полувреме ја загубивме енергијата во нападот. Направивме премногу грешки, а Кина тоа го казни со лесни голови. Денеска бевме хендикепирани со уште двајца повредени играчи, но мораше да се издржи напорот физички и психички да одиграме до крај”, изјави Јанев.

Македонија на младинскиот Мундијал одигра вкупно седум натпревари, забележа две победи во групната фаза, оние над САД и Ангола, потоа во главната фаза одигра реми со Португалија, а беше поразена од Исланд.

Во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место доживеа пораз од Јужна Кореја, Црна Гора и Кина.

Ризоска ја наполни мрежата на Кина и стана МВП на натпреварот

 

Младинките загубија од Кина и завршија на 16 место на СП