Тимот на Зенит од Санкт Петербург го промовираше најголемото засилување пред стартот на новата сезона.
Составот предводен од Дмитри Торгованов ќе биде посилен за голманот Виктор Киреев, кој ова лето се раздели со Фуксе Берлин.
37-годишниот руски чувар на мрежата бранеше две сезони во Бундес лигата, каде што замина од ЦСКА Москва.
Во дресот на „лисиците“ го освои трофејот во Лигата на Европа во 2023 година. Претходно Киреев беше дел од Каустик Волгоград, Нева и Мотор Запорожје.
Meѓу новите засилувања за Зенит за наредната сезона ќе биде и средниот бек Артем Кулак од Чеховски Медведи.