Денеска со натпреварот меѓу Македонија и Исланд, односно Германија и Шпанија, беше комплетирано 2. коло на Светското младинско првенство во Скопје.
Македонската репрезентација иако одигра добро прво полувреме против Исланд, сепак, целосно потфрли во вторите 30 минути и доживеа убедлив пораз од 29:17.
Билет за главната фаза обезбедија уште репрезентациите на Шведска, Франција, Германија, Црна Гора, Португалија и Исланд.
Во ТОП 16 се пласираа и Холандија, Романија, Швајцарија, Египет, Унгарија, Јужна Кореја, Данска и Норвешка.
За едно од преостанатите две места ќе се бори Македонија, која утре ќе игра против незгодната Ангола.