Данскиот шампион Алборг го повлече дресот со број 24 што во кариерата го носеше легендарниот Микел Хансен.
Сепак од раководството на прошталната забава со ракометарите и навивачите открија дека ќе има исклучок кога се работи за дресот со тој број.
Ако синовите на Хансен, Еди Макс и Винс, станат ракометари и заиграат за Алборг, тие ќе може да го облечат дресот со број 24.
Ова е вторпат Алборг да повлекува дрес во чест на некој од играчите што оставил белег, откако тоа го стори со дресот со број 10 на норвешкиот ракометар Хавард Тведтен.
Покрај Хансен, Алборг ова лето се раздели со Јеспер Нилсен, Бенјамин Јакобсен и тренерот Стефан Мадсен.