Искусниот Краљевски пред камбек во Македонија!?

Според пишувањата на српскиот портал „Моцарт Спорт“, поранешниот стратег на ЖРК Куманово, Ненад Краљевски, се наоѓа пред камбек во македонскиот ракомет.

Искусниот стратег, кој со тимот на Куманово во сезона 2020/21 ја освои дуплата круна во Македонија, на своја адреса има неколку примамливи понуди.

Дел од пристигнатите понуди се од Македонија, па така Краљевски во следниот период би требало да одлучи каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера.

Краљевски по заминувањето од Куманово се врати во својата татковина, најпрво беше предводник на Динамо Панчево, потоа ја презеде клупата на Гоч од Врњачка Бања.