Шпанскиот гигант Барселона го реши прашањето околу тренерското место за наредните три сезони.
Актуелниот стратег Антонио Ортега неодамна ја продолжи соработката со каталонскиот тим до 2026 година, а сега е активирана клаузулата во договорот.
Според клаузулата, ако Ортега ја освои титулата во Келн, ќе се продолжи договорот за уште една сезона. Тоа во Келн беше реализирано, па стратегот ќе остане најмалку до 2027 година во „Блауграна“.
Ортега го презема кормилото на Барса по заминувањето на Чави Пасквал и ја одработи втората сезона во која ги освои сите домашни трофеи, а минатиот викенд ја освои и титулата во ЛШ.