Словачкиот шампион Татран Прешов ќе има големи промени во играчкиот кадар за наредната сезона.
Од клубот заминуваат носителите на играта – голманот Марио Цвитковиќ, пивотот Вјачеслав Касаткин и средниот бек Марко Давидовиќ.
Тројцата беа меѓу најдобрите оваа сезона и во домашните и во европските настапи, па јасно е дека Татран ќе мора да бара соодветни замени.
Покрај Цвитковиќ, Давидовиќ и Касаткин, заминува и украинскиот бек Данило Кајан, кој не беше меѓу главните ракометари.