Словенечкиот суперлигаш Слован за следната сезона планира да се вмеша во борбата за титулата на домашна сцена, а за остварување на целта ќе треба да создаде квалитетен тим.
Според пишувањата на порталот „Словенске новице“, раководството на клубот веќе го договорил Урош Зорман за нов тренер на тимот. Освен Зорман, договорени се неколку засилувања, еден од нив е со бундеслигашко искуство.
Станува збор за репрезентативецот на Хрватска, Илија Брозовиќ, кој моментално настапува за Хановер. Во тимот ќе пристигнат и Стефан Жабиќ (Целје), Сташ Јовичиќ (Тримо), Гашпер Храстаник и Леон Љевар (Рибница) и Алјаж Пантјар (Загреб), а најверојатно ќе има уште неколку домашни и странски засилувања.
Според пишувањата на споменатиот медиум, како потенцијални засилувања во амбициозниот проект на Ссован се споменуваат тројцата репрезентативци на Словенија, Миха Зарабец (Висла Плоцк), Јуре Доленец (Лимож) и Тилен Стрмљан (Хановер).
Клубот од Љубљана на крајот од оваа сезона во словенечкиот шампионат заврши на 9. позиција во конкуренција на 14 екипи. За следната сезона се очекува Слован да има буџет од најмалку два милиони евра.
Клубот од Љубљана на крајот од оваа сезона во словенечкиот шампионат заврши на 9. позиција во конкуренција на 14 екипи. За следната сезона се очекува Слован да има буџет од најмалку два милиони евра.
Горење Велење ја освои титулата во словенечкиот шампионат и во следната сезона ќе има шанса да бара вајлд-карта за Лигата на шампионите.