Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува Сара Ристовска, го доби и вториот натпревар од финалната серија против Ростов Дон и вторпат по ред стана шампион на Русија.
Московската екипа на првиот натпревар триумфираше со 28:26, додека на денешниот исто така дојде до триумф од два гола, 33:31, но после четирите продолженија од по пет минути.
Регуларниот дел од натпреварот заврши 25:25, а Сара Ристовска повторно имаше одличен настап за старо-новиот шампион.
Македонката го одигра целиот натпревар, погодуваше кога беше најпотребно и заврши како најефикасна со осум погодоци.
За Ристовска денешниот натпревар беше последен во дресот на ЦСКА Москва, од следната сезона десното крило ќе настапува за Рапид Букурешт.
На почетокот на април ЦСКА Москва се радуваше и на Куп трофејот и успеа втора година по ред да ја освои дуплата круна.