Ракометарките на Чаир во претпоследното, 13. коло од Женската лига одиграа како на тренинг против Шампион триумфирајќи со 49:23 (26:10).
Избраничките на Басри Љатифи уште во воведниот дел ја оправдаа улогата на фаворит и немаа никакви проблеми да дојдат до 21-та победа во националниот шампионат.
Најефикасни на натпреварот беа Јасмина Попова и Стефанија Ѓеоргиевска. Двете членки на Чаир погодуваа како од шега, па така Попова запиша 16, додека Ѓеоргиевска 15 погодоци.
Во поразениот табор листата на стрелците беше предводена од Мила Филипова и Ана Ристевска со по пет реализации.
Чаир во последното коло од Женската лига ќе гостува во Штип кај Астибо, додека Шампион ќе игра против Скопје.