Сезонава Вардар трипати играше против актуелниот вицепрвак, и на сите мечеви победи. Вечерва во 19,30 часот е меч кој е уште поважен, бидејќи е билет за финалето на Купот, а таму „црвено-црните“ го бранат 16. трофеј што лани го освоија во Охрид. Овојпат Ф4 турнирот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, и за разлика од вчерашниот ден кога „салата зјаеше празна“ и публика која може да се избори на прсти денеска сигурно ќе има многу повеќе гледачи.
Победникот од овој дуел ќе игра со Еурофарм Пелистер кој во првото полуфинале го победи Тиквеш, со 33-29. Тој меч е закажан за во недела, во Скопје.
Средбата меѓу Вардар и тимот од Автокоманда првично требаше да се игра во сабота, но потоа РФМ го смени терминот, па го премeсти за во четврток. Па имаше клупски соопштенија дали е тоа според Пропозициите, бидејќи немаат сите екипи подеднакво ист период за одмор, затоа што досега се играло воист ден двете полуфиналиња. Вардарци завчера го отстапија својот првичен термин од четврток, за денешниот, а РФМ донесе одлука така да се играат полуфиналните натпревари.
Вардар е најтрофеен клуб во историјата на македонскиот ракомет, со 16 Куп титули, а на клупата го има и најтрофејниот во моментов од сите кои се дел од македонскиот Ф4.Тренерот Владо Недановски како играч има освоено 11 трофеи со екипите на Вардар и на Металург. Како тренер трипати е на врвот, пак со Вардар.
Средбата со „сините“ оа Автокоманда ќе биде нивен четврти меѓусебен дуел сезонава. Победија вардарци во финалето на турнирот во Струга во август (25-20) и двапати во домашното првенство (24-21 и 27-23).
„Годинава се среќаваме четврти пат, со финалето во Струга. Бевме подобри, но секој меч е посебен, секој за себе. Тие како се ближи крајот, одат во нагорна линија со формата, се покажа тоа и на двомечот со Фарски Осторви, каде Митев и Серафимов беа меѓу најдобрите. Клучно на овој вечерашен натпревар ќе биде нашата игра во одбрана и Томовски на голот. Ако е тоа добро, нема да имаме проблеми, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.
На еден меч во кој нема поправен секогаш се вадат џокерите, се смислува некоја тактика што може да донесе плод, онака инстантно, само за тој меч. Нема многу тајни меѓу екипите.
„Се знаеме добро меѓусебе. Ние си ја играме нашата игра, и се обидуваме само го подобруваме нашиот систем. Покажавме во пелјофот дека ја имае една од најдобрите одбрани. Тоа го работиме, како да ја подобриме нашата игра, вели Недановски..
Сезонава варадрци немаа проблеми со мотивацијата и играта кога требаше да се сретнат со ривал кој е силен, но потешко играа против оние што ги сметаа за аутсајдери.
„Тоа е кај психологијата на играчите. Мислиме дека со полесните ривали е полесно. Треба да си 100 отсто посветен на секој меч. Нем аврска со кого играш и каде. Сите ривали треба да се почитуваат и да се игра максимално за секоја топка, смета Недановски.
Вардарци веројатно ќе бидат комплетни, иако некои играчи се жалат на повреди.
„Ќе го скоцкаме тимот за вечерва. Секогаш има некои ситни повреди, но ќе видиме, вели Недановски.