По елиминацијата од селекцијата на Италија и двата порази во баражот за СП 2025 по кои селекторот Владо Шола поднесе оставка, Црна Гора има уште една шанса за „пласман“ на Мундијалот.
Црногорската федерација упати барање до Светската ракометна федерација да добие вајлд-карта за СП.
Како најдобропласирана селекција од последното ЕП 2024 што не обезбеди место на Мундијалот, Црна Гора има големи шанси да ја добие вајлд-картата.
ИХФ има на располагање само една, бидејќи втората ја додели на САД уште одамна, како дел од промоцијата на ракометот на оваа земја пред ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.
Претходно и Србија официјално побара вајлд-карта од ИХФ, а сигурно тоа ќе го сторат и Швајцарија, Фарски Острови…
Ждрепката за групите на СП 2025 ќе биде на 29 мај од 17:30 часот.