Соработката меѓу Велимир Петковиќ и Ракометната федерација на Русија истекува претстојниот месец, но нема да продолжи.
Славниот стратег со потекло од Бања Лука, многупати истакнуваше дека му недостига адреналин и натпреварувачки предизвик.
Со оглед на суспензијата на Русија, Петковиќ го водеше националниот тим само на пријателски натпревари со Белорусија.
Се уште не е познато каде Петковиќ ќе ја продолжи кариерата. Тој повеќе од три децении работеше во Германија, каде ги водеше Вецлар, Гепинген, Ајзенах и Фуксе Берлин.
Стана селектор на Русија во 2020 година, а беше тренер и на ЦСКА Москва.