Висла Плоцк го разнесе Келце – третпат по ред слави трофеј во Купот!

Се зголемува притисокот над Талант Душебаев и над ракометарите на полскиот Келце последните неколку дена.

Откако останаа без пласман на Ф4 во Лигата на шампионите, Келце загуби и од Висла Плоцк во финалето на Купот на Полска и тоа со убедливи девет гола разлика, 29-20.

Висла Плоцк уште по првиот дел го најави походот кон трофејот кога водеше со 15-11, а во второто полувреме комплетно го надигра ривалот.

Творец на убедливата победа беше Микал Дашек со 11 гола, а осум погодоци постигна Тин Лучин, додека кај Келце, Турна погоди четири пати, а Морито и Каралек по три.

Овие два тима се пласираа во финалето од полскиот плеј-оф, па ќе ги одмерат силите по репрезентативната пауза и Келце ќе биде на нов тежок испит.