Лазаров повика нов играч за баражот со Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Селекторот Кире Лазаров, кој пред неколку дена објави список со 20 ракометари, дополнително повика уште еден играч за подготвителниот период. Станува збор за средниот бек од Вардар, Мартин Карапалевски.

Македонија на стартот нема да биде комплетна, ќе недостасуваат Никола Митревски и Филип Талески, кои имаат клупски обврски во португалскиот шампионат. Двајцата ракометари би требало да бидат на располагање од понеделник.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.

Победникот од двомечот ќе се пласира на СП 2025 што ќе се игра во три држави –  Данска, Норвешка и Хрватска.

Митев: Клучно во баражот со Фарски Острови ќе биде одбраната

 

Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена