Полскиот гигант Келце, кој вчера загуби на пенали од Магдебург во реваншот од четвртфиналето во ЛШ и не обезбеди пласман на Ф4, денеска објави дека поднесе официјална жалба до ЕХФ.
Од таборот на Келце не се задоволни од делењето на правдата на судиите од Шведска, Куртагиќ и Ветервик, кои според полскиот тим, нанеле многу штета.
Келце најмногу се бесни за последната акција, во која пикерот Каралек остана еден на еден со домашниот голман.
Пред да ја прими Каралек топката од Дани Душебаев, двајца други играчи се во полето од шест метри (Турна од Келце и О’Саливен од Магдебург), па судиите се во право кога ја прекинаа играта.
Погодок во таа акција ќе значеше реми и билет за Ф4, но судиите ја прекинаа акцијата и ја вратија на девет метри, па така не остана многу време за избраниците на Душебаев.
Келце во ланската сезона токму против Магдебург играше финале во Лигата на шампионите и настапот на Ф4 турнирот во Келн го заврши на второто место.
🎥 Од Келце бесни на судиите – еве ја последната акција која носеше билет за Ф4