Ракометарките на Деспина забележаа втора победа по ред во Женската лига, откако славеа на гости кај Гевгелија со 32-20.
Избраничките на Страшо Илиески поведоа со 5-1, потоа и со 11-2, и јасно беше каков ќе биде текот на натпреварот.
До крајот на полувремето прилепчанки ја одржуваа предноста, 16-8, во вториот дел домашните стигнаа до минус шест, но немаа сили за нешто повеќе бидејќи останаа без Шуклева која доби црвен картон по трите исклучувања.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ангела Камческа со 14 и Евгенија Цаневска со шест, додека кај Гевгелија се истакнаа Елена Димова со седум и Симона Динева со шест гола.
Во следната рунда Деспина ќе игра на домашен терен против составот на Шампион, додека Гевгелија ќе се соочи со шампионот Ѓорче Петров.