Тимот на Преспа на домашен терен славеше против Текстилец со 27-23, во натпревар од 9 рунда на прволигашкиот плеј-аут.
Бојан Поповски со осум и Димитар Нечовски со шест гола беа најекспонираните ракометари во домашниот тим, додека Милисав Петров даде девет за штипјани.
Ресенци водеа со 15-12 по првото полувреме, но како одминуваше вториот дел така гостите од Штип полека се враќаа во игра и во еден момент израмнија на 22-22.
Во тој момент Прцуловски од Преспа Вардар и Јовановски од Текстилец добија црвен картони, откако се спречкаа на линијата од шест метри.
Се вмешаа сите играчи, но мешаницата набрзина беше расчистена. Штипјани попуштија во финишот и победата остана дома.