Светското првенство во 2027 година за мажи ќе се игра во Германија, земја која многупати досега се покажала како добар организатор.
Од тамошната федерација инфомираат дека дури 11 града се пријавиле за домаќинство на големиот настан.
„Тоа е одличен резултат. Ние наскоро ќе започнеме да ги разгледуваме можностите на сите кандидати“, велат од федерацијата.
Во соопштението не е наведено кои се градовите, но треба да бидат потврдени до крајот на оваа година. Меѓу кандидатите со сигурност се Хановер, Штутгарт, Келн…
Германија беше домаќин на ЕП 2024 во Диселдорф, Берлин, Манхајм, Минхен, Хамбург и Келн.
Современи арени имаат и Кил, Магдебург и Фленсбург, кои сигурно би можеле да бидат домаќини на Мундијал.