Еден од најталентираните белоруски ракометари, Игор Белјавски, официјално е нов член на Загреб.
Овој трансфер беше најавен одамна, а хрватскиот првак објави дека договорот е потпишан на четири сезони со средниот бек.
„Трансферот во Загреб за мене е голем чекор во кариерата и многу ми значи. Се работи за поинаква школа за ракомет од која сигурно ќе научам и ќе напредувам. Можноста да играм во Лигата на шампионите е голем мотив за да дојдам во Загреб. Сакам да ја почувствувам таа атмосфера, бидејќи досега не сум играл ракомет на тоа ниво“, изјави Белјавски.
Во моментов Белјавски е член на белорускиот вицепрвак СКА Минск и е еден од најдобрите играчите во дивизијата „Исток“ на регионалната СЕХА лига.
Покрај Белјавски, Загреб од идната сезона треба да биде посилен за средниот бек Ивано Павловиќ од Љубушки, како и десниот бек Михајло Радојковиќ од Бешикташ.