Вардар се „мачеше“ 15 минути на дуелот со Бутел, но откако го презеде водството, работите дојдоа на очекуваното, па на крај триумфираа со 30-22. „Црвено-црните“ потоа имаа одлична серија од 6-0 со која го зголемија водството на 16-10. Во последните секунди Владимир Јефтиќ ја прекина серијата, и погоди за 16-11, резултат со кој се замина во соблекувалните на одмор.
До крајот потоа беше „рутина“, па со три бода на конто ќе мое „на раат“ да го гледат дербито во Автокоманда, и да с еподготвуваат за вторник кога во „Јане Сандански“ треба да гостува Еурофарм Пелистер. Во зависност од резултатот на тој меч, во голема мера ќе зависи и како в ќе биде спортскиот набој на дуелот во вторник.
На теренот во „Јане Сандански“ во дресот на домаќинот се појави и Стојанче Стоилов, бидејќи првиот пивотмен Милан Лазаревски не беше во состав, исто како и Гоце Георгиевски, Марко Срдановиќ и Марко Мишевски. Првичниот налет на гостите од Бутел беше успешен бидејќи Бутел имаше водство и од 5-2 во 5 минута. Секоја грешка на Вардар, брзо се казнуваше, а вардарци имаа проблем да ја најдат вистинската седморка.
По пауза во тимот на Вардар се врати и Томислав Јагуриновски кој поради повреда пазираше, но сега домашните имаа класичен десен бек во тимот, па не мора да покриваат со Ѓукиќ. Стефан Петриќ иако тргна како стартер не се снајде, па беше заменет со Матија Николиќ. Во одбрана мало изненадување беше двоецот Мело – Гојковиќ кои има задача да го сопрат високиот Јефтиќ. Донекаде и успеваа во тоа, но корпулентниот пивотмен на Бутел им задаваше многу проблеми.
Во првиот дел половина од головите од игра беа токму негови. Кога соиграчите ќе го пронајдеа, а тој ќе ја прифатеше топката, тогаш тешко се сопираше, па или беше пенал или гол. Но, на бековската линија тепко се создаваше акција, бидејќи и вардаровата одбрана беше на моменти многу супериорна.
Вардар за 10 минути во вториот дел имаше предност од „плус 8“ (24-16), а гостинскиот тренер Горан Кузмановски свесен дека нема што да загуби веќе, им даде шанса и на младите, па своја минутажа добија и Андревски, Субашевски, Каевски, Михајловиќ, Зенговски, Пејковски исто како и Цветковски во првиот дел.
„Десетката“ првпат се раситни во 51 минута кога Јагуриновски погоди за водство 28-18, ставајќи крај на сите дилеми.
Кај Вардар со 9 гола најпрецизен беше Хансер Родригез, а шест дае Косуке Јасухира. Во тимот на Бутел, осум гола постигна Филип Николов, од што пет од пенал, а пет гола даде Владимир Јефтиќ
Во следното коло Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер, додека Бутел гостува во Охрид.
ТАБЕЛА