Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за претстојните натпревари од квалификациите за Европското првенство.
Методија и Михајло Илиевски ќе судат натпревар од квалификациската група 1 што ќе се одигра во Ќазин.
Станува збор за средбата меѓу Босна и Херцеговина и Романија што ќе се игра на 4 април од 20:00, а делегат ќе биде Ракочевиќ од Црна Гора.
Камер Металари ќе биде делегат на натпревар од истата група што ќе се игра во градот Кожани.
Станува збор за средбата меѓу Грција и Хрватска што е на програмата на 3 април од 17:00 часот.
Од оваа група на ЕП 2024 патуваат Романија и Хрватска, додека Грција има шанса како дел од најдобрите третопласирани да обезбедат место на континенталниот собир.