На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина.
Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.
Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево.
Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово…
Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.
Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои: Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица…
Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.
Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта.
Слава му