Македонците Борјан Дамјаноски и Хари Павлов заедно со своите екипи ќе атакуваат на пласман на Ф4 турнирот од Купот на Австрија.
Грац на Дамјаноски, откако во осминафиналето го елиминираше незгодниот Брегенц, за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори против Кремс.
Ферлах на Хари Павлов во четвртфиналето ќе се сретне со второпласираниот тим од домашниот шампионат – Алпла Хард.
Тимот на Павлов во осминафиналето го доби Ацгерсдорфи успеа да го елиминира, совладувајќи го со 30:26.
Екипата на Алпла Хард минатата сезона го освои Куп трофејот и сега ќе атакува на ново злато.
На останатите четвртфинални дуели ќе играат уште Фајверс со Тирол, односно Вест Виен против Линц 2.