Актуелниот светски шампион Данска за време на ЕХФ неделата ќе одигра пријателски дуел со репрезентацијата на Швајцарија
Ракометарите на Данска на „контролката“ против составот на Енди Шмид ќе играат со топка во боите на виножитото, како знак на поддршка за ЛГБТ заедницата.
Освен ракометарите на скандинавската земја, истото ќе го направат и ракометарките, кои ќе одиграат контролен натпревар со Јапонија.
Репрезентативецот на Данска, кружниот напаѓач Симон Халд, истакна дека мора да има простор за секого.
,,Мора да има простор за сите, и секако, како репрезентација, мора да го поддржиме фактот дека нашата ракометна заедница е инклузивна без оглед на сексуалноста или родовиот идентитет“, изјави Халд.