Првиот од трите организатори на Мундијалот во 2025 година, Хрватска, денеска ги пушти во продажба билетите за прелиминарната и главната рунда за натпреварите што ќе се играат во Хрватска.
Цените на дневните билети за прелиминарната рунда се движат од 25 евра, па следуваат оние од категориите од 40, 60 и 70 евра во зависност од местото на седење во салите.
Цените за главната рунда се од 40 евра за најефтините билети, па 60, 80 и 90 евра за најдобрите места за седење во „Загреб Арена“, „Жатика“ и „Вараждин Арена“. Билетите може да се купат ТУКА.
Дополнително ќе бидат пуштени во продажба билетите за групите што ќе се играат во Хернинг во Данска и во Осло во Норвешка. Таму ќе се играат по две групи од прелиминарната рунда, по една од главната рунда, потоа две четвртфиналиња во Осло, едно полуфинале и финалниот викенд ќе се играат во норвешката престолнина.
Загреб, Пореч и Вараждин ќе бидат домаќини на 16 селекции во прелиминарната фаза, односно на четири групи, потоа на две групи од главната рунда, па две четвртфиналиња, едно полуфинале и сите натпревари од Президент Купот.
За да обезбеди место на СП 2025 година, Македонија ќе се соочи на бараж двомеч против селекцијата на Фарски Острови.