Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го игра натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите.
Битолчани му гостуваат на бундеслигашот Кил, кој во „Боро Чурлевски“ славеше дури во финишот со 23-20.
Кил се бори за првата позиција на табелата и ќе има притисок, додека пелистерци ќе имаат шанса да покажат дека одличното издание во Битола не беше случајно.
Натпреварот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Вундерино Арена“ со почеток во 18:45 часот.
Покрај натпреварот во Германија, во елитното натпреварување ќе се игра и во Унгарија, Шпанија и Франција, а Никола Митревски со Порто ќе и гостува на Барселона.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 КИЛ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:45 ВЕСПРЕМ – ГОГ ГУДМЕ
20:45 БАРСЕЛОНА – ПОРТО
20:45 ПСЖ – КЕЛЦЕ