Тимот на Куманово го потврди доаѓањето на кружниот напаѓач Стефан Атанасовски од Вардар, со кој беше договорена соработка до крајот на следната сезона.
Како што најави 24Ракомет, 24-годишниот ракометар ќе засили конкуренцијата на пикерската позиција во тимот на Љубиша Димковски, каде веќе се Дарио Симоноски и Зоран Ѓурковиќ.
Атанасовски е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој има настапувано за екипите на Аеродром, Вардар Јуниор, Работнички, Вардар, Ал Араби во Катар и Ал Мудхар во Саудиска Арабија.
Куманово претходно се засили со поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов, како и со тројцата интернационалци – Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ и Алекса Радичевиќ.
Тимот на Димковски ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори да го задржи суперлигашкиот статус за следната сезона. Прв ривал на Куманово бо борбата за опстанок е Вардар Неготино, потоа следуват дуелите со Еурофарм Пелистер 2, Скопје, Голден Арт…
Амбициозниот Куманово на шопинг во Вардар – донесе кружен напаѓач