Репрезентацијата на Германија иако на Европското првенство, на кое беше организатор, имаше амбиции да игра во финале, сепак, на крај остана без пласман меѓу најдобрите три репрезентации на континенталниот собир.
Избраниците на Алфред Гисласон во текот на целото Европско првенство имаа голема поддршка од домашните медиуми.
По загубениот меч за третото место, односно бронзата, реномираниот „Билд“ во својот нов текст за настапот на Германија не го поштеди составот на Гисласон,
,,Колку беа навистина добри? Во девет натпревари имаа четири победи, едно реми и четири порази, а селекторот Алфред Гисласон го заврши турнирот со порази од Хрватска, Данска и Шведска. Да зборувавме за тим од Бундес лигата, по девет кола тој тим на табелата ќе беше некаде помеѓу Хановер и Рајн Некар. Па од таму дојдоа многу наши репрезентативци. Во најдобрите тимови како Магдебург, Фуксе Берлин, Фленсбург или Кил, германските играчи немаат големи улоги“, пишува „Билд“.
Најтиражниот германски весник како главен проблем на германската репрезентација ги истакна техничките грешки, посебно во полуфиналето против Шведска.
,,Слабоста и неодлучноста ги имаше во текот на целото ЕП. На натпреварот со Шведска само во првото полувреме беа загубени 16 топки. Тоа е самоубиство против врвни репрезентации и мора итно да се работи на тоа“, заклучува „Билд“.
Германија бидејќи не ја освои бронзата, преку квалификации ќе брка пласман на Олимписките игри во Париз.