Репрезентацијата на Франција стана европски шампион по триумфот по продолженијата над Данска со 33-31.
Селекторот на Французите, Гијом Жил, вели дека овој натпревар бил преполн со емоции, донел многу тензија, но тврди дека оваа генерација уште повеќе ќе расте.
„Бев малку нервозен од тензијата на овој последен натпревар кој беше неверојатен, беше многу тешко да се стигне до оваа победа и моравме да се бориме толку многу на сите нивоа за да стигнеме до неа. Овој натпревар против Данска имаше толку многу емоции по последниот судиски свиреж. Јас знам од каде доаѓаме и какво наследство добивме од претходните генерации, но го продолжуваме континуитетот и освоивме злато, а тоа го илустрира квалитетот на работата во клубовите, на федерацијата. Овие играчи ќе продолжат да растат и ќе ги насочуваме на вистинскиот пат. Наше е да им создадеме услови за да продолжат да се натпреваруваат против најдобрите“, вели Жил за француските медиуми.
Франција има директно место на следното големо натпреварување – СП 2025 година, а како домаќин е пласирана и на Олимписките игри претстојното лето.