Ракометниот сојуз на Србија ја раскина соработката со довчерашниот селектор Тони Херона, кој не успеа да ја оствари зацртаната цел на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија.
Србија на континенталниот собир имаше желба да обезбеди пласман во главната фаза и да се бори за висок пласман, но Херона потфрли со својата стратегија, а тоа резултираше со елиминација уште во првиот круг од натпреварувањето.
Ракометарите на Србија на Европското првенство забележаа два порази и едно реми и настапот го завршија на 19 место.
Во следниот период треба да се знае кој ќе биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на нашиот северен сосед.
Според српските медиуми, најмногу шанси да седне на жешкото столче има тренерот на Тулуз, Даниел Анѓелковиќ.
Србите со „дрва и камења“ по своите – Дебакл, болен пораз, брука и срамота….
Херона на излезна врата од Србија, РСС веќе има фаворит за негова замена?!