Репрезентацијата на Унгарија денес ќе го има вториот предизвик на Европското првенство во Германија.
Втор ривал на Унгарија ќе биде Србија, која во претходното коло одигра само реми со Исланд.
Унгарија на стартот на Европското првенство беше подобра од Црна Гора и со евентуална победа над Србија ќе го завери пласманот меѓу најдобрите 12 репрезентации на континенталниот собир.
Еден од главните адути на селекторот Чема Родригез за денешниот дуел ќе биде Зоран Илиќ, кој во разговор за порталот „Моцарт Спорт“ истакна дека ќе се чувствува многу емотивно играјќи против својата татковина.
22-годишниот ракометар потекнува од српскиот град Сента, град кој се наоѓа близу границата со Унгарија и град во кој Илиќ поминува дел од своето детство.
Илиќ во најголемиот дел од својата кариера ираше во Весрем, еден период го носеше дресот на Висла Плоцк, моментално настапува за Хамбург.
,,Никогаш не добив повик да играм за репрезентацијата на Србија, никој не ми се јави од ракометниот сојуз на Србија. Во Унгарија ги поминав сите младински категории, ни тогаш не добив повик од мојата татковина. Затоа решив да играм за Унгарија и во сениорската селекција. Нема да ми биде лесно, ќе ми биде многу емотивно. Роден сум во Србија, живеев таму, завршив таму училиште, но тоа е спорт, професионализам“, изјави Илиќ за „Моцарт Спорт“.
Младиот репрезентативец на Унгарија се надева на победа на денешниот дуел.
,,Србија има екстра играчи на сите позиции, по двајца на секоја позиција. Би сакал Унгарија да победи, но… нека победи подобриот“. Добро го познавам Чупара, долго време играв со него во Веспрем. Ако ме прашате мене, против нас ќе брани Цупара, иако знам дека Дејан Милосављев беше одличен против Исланд. Тука е и Драган Пешмалбек, исто така поранешен соиграч од Веспрем. Србија има многу добри играчи, ќе видиме кој ќе има свој ден“, заврши Илиќ за „Моцарт Спорт“.
Натпреварот меѓу Унгарија и Србија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот.