Тиквеш се засилува пред плеј-офот, донесе српски лев бек

Српскиот интернационалец Спасоје Гачевиќ e новото засилување за амбициозниот тим на Тиквеш, кој пред два дена ги стартуваше подготовките за новата сезона.

Гачевиќ доаѓа од словенечкиот шампионат, од редовите на Гросист Слован Љубљана, каде се пресели минатото лето.

Тој има 27 години (195/101) и ќе биде од голема помош особено во нападот, бидејќи важи за одличен стрелец.

Гачевиќ настапуваше за Црвена Звезда и Спартак Суботица во татковината, потоа беше дел од турската Бурса Нилуфер, португалската Хорта, како и словенечките Изола и Слован.

Српскиот интернационалец е првото засилување оваа зима за Тиквеш, а не е исклучено кавадарчани да донесат уште некој нов играч пред борбите во суперлигашкиот плеј-оф.