Голден Арт започна со подготовки, целта е прво место во плеј-аут

По новогодишната пауза од 15 дена, ракометарите на Голден Арт денеска се вратија во сала, со што ги започнаа подготовките за продолжување на сезоната во Суперлигата.

Од Голден Арт посакуваат да го освојат лидерското место во плеј-аут фазата и со тоа да го потврдат опстанокот во елитното друштво.

Составот на тимот сега засега е непроменет, и во пролетниот дел од првенството, тренерот Филип Глигоров ќе ги има играчите со кои ја започна натпреварувачката сезона во септември.

Помошникот и кондициски тренер Марко Нелоски ги стави во погон играчите кои имаат утрински тренинзи во теретана и работа според планираната програма. Попладневните тренинзи се резервирани за во сала, а тренинзите ќе се одвиваат секоj ден.

Според плановите на стручниот штаб Голден Арт ќе одигра и неколку пријателски средби пред почетокот на првенството.