Домаќинот на Европското првенство, Германија, остана без еден од најискусните ракометари во тимот.
Десното крило Патрик Грецки, кој беше дел од репрезентацијата што стана шампион на ЕП 2016, нема да настапи на овој континентален собир.
Тој на дуелот со Португалија ја обнови повредата на стопалото и за жал нема да им помогне на своите соиграчи.
Селекторот Алфред Гисласон на десната крилна позиција го има на располагање Тимо Кастенинг и нејасно е дали ќе повика нов ракометар.
Германија е во група со Швајцарија, Франција и Македонија, а првата средба на ЕП ја игра на 10 јануари од 20:45 часот против Швајцарците.