Огромната количина снег што наврна во Данска, беше причина за да бидат одложени најмалку две средби од женскиот шампионат.
ТВ2 пишува дека патот до салите каде што требаше да играат во Есбјерг против Бјерингбро и Ајакс Копенхаген против Силкеборг е непрооден, а во прекин се автобускиот и железничкиот сообраќај.
Дел од ракометарките и од стручните штабови на овие екипи имале проблеми за да пристигнат навреме во салите, па заедно со федерацијата донесена е одлука двата меча да бидат одложени.
Во тековното коло од данскиот шампионат, на програмата се уште три средби, Хорсенс – Оденсе, Ринкобинг – Икаст и Никобинг – Копенхаген, но засега нема информации дека и тие би можеле да бидат одложени.