Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ, ќе има нов предизвик во богатата тренерска кариера.
Откако се раздели со грчкиот првак АЕК Атина, Ѓукиќ се враќа во позната средина, во унгарскиот тим Татабања.
Ѓукиќ потпиша договор на две и пол сезони со Татабања и ќе се обиде да ги оствари амбициите на раководството на унгарскиот тим.
Татабања е на третото место на табелата во унгарскиот шампионат зад Веспрем и ПИК Сегед, а сезонава немаше успешен европски настап.
Ѓукиќ покрај Македонија и Вардар, беше на клупата на Швајцарија, Израел, Велика Британија, Јордан…а ги водеше и ЧСМ Букурешт, ПИК Сегед, Одорхеи, Мадеира, Макаби Тел Авив…