- Романскиот Рапид Букурешт, каде од лето ќе игра Сара Ристовска, го продолжи договорот со капитенот Елиза Бучески за уште две сезони и капитенот ќе остане во клубот најмалку до 2025 година.
- Романскиот шампион ЧСМ Букурешт објави дека е постигнат договор со средниот бек Ингер Смитс. Холандската репрезентативка, која игра за германскиот Битигхајм, потпиша договор на две сезони.
- Според „Handball Planet“, данскиот голман Мик Јенсен од лето ќе го брани голот на унгарскиот гигант Веспрем. Јенсен во моментов е чувар на мрежата на Бенфика, а претходно има настапувано за Магдебург, Балинген, ГОГ Гудме и Нордсјеланд.
- Шведската репрезентативка Јохана Бундсен ја напушта татковината и од следното лето ќе се пресели во Германија. Актуелната голманка на Савехоф потпиша за германскиот првак Битигхајм на две сезони.
- Аргентинскиот голман Лео Масиел по две сезони во португалскиот Спортинг Лисабон ќе се врати во Шпанија од лето. Тој потпиша за Бидасоа, а претходно бранеше за Барселона, Сиудад Енкантада и Октавио Пилотес Посада.
- Полскиот вицепрвак Висла за следната сезона ги продолжи договорите со средниот бек Герго Фазекаш, кој како позајмен играч од Веспрем игра во Плоцк, како и со левото крило Пжемислав Крајевски.