Тимот на Охрид во претстојната сезона нема да смета на двајца странци кои минатата сезона го носеа дресот на „гладијаторите“. Левиот бек Стефан Петриќ и кружниот напаѓач Џанфранко Прибетиќ не се повеќе членови на амбициозниот македонски клуб.
Петриќ дојде од Вардар минатото лето, но немаше голема улога во успесите на охридскиот состав, а го пропушти и најважниот дел од минатата сезона кога беше надвор од терените поради повреда.
Прибетиќ дојде во зимската пауза со бундеслигашко искуство од дресот на Штутгарт, но и тој не го пружи тоа што се очекуваше од него, па двете страни решија дека секој ќе продолжи по својот пат.
Охриѓани досега донесоа седум засилувања – голманот Дино Славиќ, крилото Адама Кеита, пивотот Шуичи Јошида, како и бековите Мартин Ивановски, Доминик Мате, Мартин Карапалевски и Никола Зечевиќ.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
Во меѓувреме стана јасно дека Косуке Јасухира ќе мора да го одработи договорот со Бурган од Кувајт, но ќе се врати назад во Охрид во летото 2027 година, откако се договори за двегодишна соработка со македонскиот состав.
Шпанскиот интернационалец Ориол Реј Моралес, кој беше избран за најдобар дефанзивец за минатата сезона во Супер машката лига, е посакуван од полската Висла Плоцк, подготвени се да платат оштета, но за овој трансфер се прашува и Охрид.
Охриѓани аплицираа за место во Лигата на Европа, но допрва се очекува веста од Виена дали како победници на ЕХФ Купот ќе добијат шанса во второто по ранг европско клупско натпреварување или одново ќе играат во ЕХФ Купот.


























