Пешевски: Одиме чекор по чекор, поискусни сме од претходното ЕП

Машката репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски ги изнесе своите очекувања за настапот на континенталниот собир.

,,Ова е нов предизвик за нашата репрезентација. Ние играме во супер-тешка група. Играме со репрезентацијата на Франција, која игра константно во финале, како и Германија, репрезентација која секогаш е меѓу најдобрите десет репрезентации. Германците имаат подмладување,  но тимот го сочинуваат играчи од Бундес лигата. Сметам дека единствена репрезентација која може да се каже дека е од наш ранг е Швајцарија. Сепак, и тие имаат одлични играчи и солидна екипа. Мораме да се надигруваме со нив, нијанси ќе решаваат во тој меч. Секако дека во првите натпревари не одиме со бело знаме. Атмосферата е позитивна, имаме надеж и ќе дадеме максимум во овој подготвителен период”, вели Пешевски.

Членот на Еурофарм Пелистер вели дека Македонија е поискусна од претходното натпреварување.

,,Како и на секое првенство досега, одиме чекор по чекор. Ќе го дадеме нашиот максимум, поискусни сме од претходното ЕП. Сега ние повозрасните сме носители на играта, мора да повлечеме. Ние повозрасните чувствуваме позитивен притисок, но горди сме дека токму ние сме лидери на оваа репрезентација. Иако повеќето играчи сме од Супер лигата на Македонија, се работи за првенство кое го крева квалитетот и тоа нема да е пресудно“, заврши Пешевски.

Македонија настапот на Европското првенство го отвора со натпревар против Франција, а на 14 и 16 јануари ќе ги одигра дуелите со Германија и Швајцарија.ж

Кузмановски: Веруваме во нашиот квалитет и во системот што го работиме

 

Лазаров: Верувам во невозможното, иако во моментов не е реално!

 

 

Македонија се комплетира на 25 декември, се бара уште еден спаринг партнер

 

Ракометарите само еден ден во Скопје – од утре Србија е базата на Македонија пред ЕП!