ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мелсунген го пикира Турна, ЦСКА купи црногорски пивот, Кашпарек има нов клуб

  • По се поизвесното заминување на Јоханес Гола од Мелсунген, бундеслигашот веќе пикира замена за германскиот репрезентативец. Според „Билд“, пивотот на Нант, Николас Турна следното лето би можел да заигра во дресот на Мелсунген.
  • Чешкиот репрезентативец Станислав Кашпарек замина од катарскиот Ал Араби и во иднина ќе го носи дресот на големиот ривал Ал Духаил. Десниот бек претходно играше за Балантонфуреди, ПИК Сегед, Мешков Брест, Динамо Букурешт…
  • Рускиот шампион ЦСКА Москва ангажираше засилување од Балканот по долго време. Црногорскиот пивот Михајло Шчекиќ, по двојната круна минатата сезона со Ловќен, се пресели во Москва, каде ќе остане најмалку една сезона.
  • Норвешкиот репрезентативец Симен Лисе, кој дојде во ПСЖ минатата сезона и потпиша до 2029 година, идното лето се враќа во Скандинавија. Незадоволен од минутажата, Лисе ќе се пресели во данската Фредериција.