ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид по бодови во Автокоманда, Чаир против Пелистер, двојна програма во Гостивар

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
10:00
Share on Facebook

Ракометарите на Охрид по триумфот над тимот на Кирил Лазаров, ќе играат и против втората екипа од Автокоманда.

„Витамините“ досега немаат триумф во елитната конкуренција, па „гладијаторите“ се големи фаворити за бодови против составот на Никола Матлиески.

За избраниците на Борис Ројевиќ ова ќе биде последен тест пред двомечот од ЕХФ Европскиот Куп наредниот викенд.

Покрај овој дуел на домашна сцена, има и една средба од Супер женската лига, во која Чаир ќе игра против Пелистер.

Во прволигашката конкуренција, ќе има двојна програма во Гостивар – најпрво момците на Јехона ќе играат против Пролет, а потоа дамите ќе се соочат со Овче Поле СУ.

Македонија Ѓорче Петров по поразот од Драчево Јуниор, ќе бара враќање на победничките патеки против составот на Шампион.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЈЕХОНА – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
17:15 ЈЕХОНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)

Share on Facebook

Волф ги критикуваше судиите – му се заканува голема казна!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
13:11
Share on Facebook

Голманот на Кил, Андреас Волф, се соочува со парична казна од 2.500 до 5.000 евра поради јавните критики кон судиите по драматичното реми 31-31 против Фленсбург.

Волф ја доведе во прашање компетентноста на арбитрите по контроверзната ВАР одлука во финишот, со која беше поништен потенцијалниот победнички гол на Кил.

Иако санкцијата не е јавно објавена од раководството на лигата, германските медиуми пренесуваат дека Волф доставил и писмено образложение во кое признал дека претерал со своите изјави.

Кил е на врвот на табелата со 17 бодови, два повеќе од Фленсбург и три повеќе од Магдебург, но овие две екипи имаат одиграно два меча помалку.

Share on Facebook

Кукуловски во одлична форма – Металопластика при врвот во Србија

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
14:44
Share on Facebook

Тимот на Металопластика, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, бележи одлични резултати во српскиот шампионат.

Металопластика славеше на гостувањето кај Дубочица Лесковац со 31-26 во натпревар од 6 коло во првенството на северниот сосед.

Заедно со Павловиќ и голманот Чировиќ, Кукуловски беше меѓу најдобрите поединци на теренот и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.

Металопластика е прва на табелата со 11 бодови по шест меча, додека Партизан е втор со десет бода, но и натпревар помалку.

Share on Facebook

Спартак победнички низ Прилеп

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
16:28
Share on Facebook

Ракометарките на Спартак и натаму ја продолжуваат серијата без пораз во Супер женската лига и по ремито со Чаир, славеа триумф на гости кај Деспина со 36-23.

Домаќинките пружија солиден отпор во првото полувреме, кое заврши во корист на Спартак со 16-13.

На стартот на вториот дел, избраничките на Симе Симовски постигнаа шест гола по ред за 22-13, десетина минути не примија гол и тука беше решен победникот на овој меч.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа триото Николовска, Цветановска и Јершек со по пет гола, додека кај Деспина се истакна Ристеска со седум реализации.

На табелата Ѓорче Петров и Спартак имаат по десет бода, но „лавиците“ имаат меч помалку, додека Чаир е трет со седум бода и натпревар помалку.

Сега следува репрезентативна пауза и ЕХФ недела, а во следното коло Деспина ќе гостува кај Чаир, а Спартак ќе го предизвика шампионот Ѓорче Петров.

Share on Facebook

Дукоска влегува во форма, Михаловце им се врати на победите

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
20:56
Share on Facebook

Тимот на Јувента Михаловце, каде што играат двете македонски интернационалки Теодора Дукоска и Сара Миновска, им се врати на победите во регионалната МОЛ лига.

Јувента Михаловце славеше на гостински терен кај Плзен со 31-28, а на паузата гостинките водеа со 17-14. За составот на Плзен не настапи голманката Андреа Илиќ.

Дукоска по повредата се враќа во форма и беше меѓу најдобрите стрелци со пет гола во противничката мрежа, додека Миновска погоди два пати.

Јувента Михаловце е на врвот на табелата во регионалната лига со словачки и чешки екипи со десет бодови.

Share on Facebook